Жители на Флорида основаа дом за стари мачки

by fokus 09:44
09:44

Флорида е позната како „пензионерски дом“ на Американците, но во тој кош неодамна се најдоа и мачките. Во месноста Луц, Тери и Брус Џенкинс основаа дом за стари мачки, наречен „Кетс кредл“ (мачешка лулка).

Целта на брачната двојка е да им ги разубави последните години на миленичињата кои потешко би се снашле во таа доба од животот.

- Advertisements -

Тери и Брус поставија и камери во својот „пензионерски дом“, со цел да привлечат и публика на интернет, која би помогнала со совети.

Поврзани новости