Алијанса за Албанците реагира против поставувањето на обвинителот Џелал Бајрами за претседател на Комисијата што ја формира јавното обвинителство за следење на изборни нерегуларности, кој всушност е поранешен министер од редовите на ДУИ.
„Обвинителството има воспоставено привремена комисија за следење на изборните нерегуларности, предводена од поранешниот заменик-министер за внатрешни работи, Џелал Бајрами, кој стана познат како асистент на Јанкулоска во политички монтираниот случај Монструм. Сите бевме сведоци за тоа како беа избирани судиите и обвинителите за време на „тефтерите“ на Јанкулоска. Назначувањето на врвот на комисијата кадар што е целосно партиска личност, а кој би требало да биде независен, многу јасно укажува за намерата на хибридниот режим да манипулира со изборите“, велат од партијата на Зијадин Села.
Инаку, Бајрами и на ланските предвремени парламентарни избори ја предводеше привремената комисија за испитување изборни нерегуларности што ја формираше Обвинителството.