Алијанса за Албанците: Не може да има слободни избори со ДУИ на власт

by fokus

Не може да има слободни избори со ДУИ на власт, велат од опозициската Алијанса за Албанците по барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за брзи предвремени парламентарни избори.

-Оваа Влада, во последните циклуси докажа дека нема ниту капацитет ниту подготвеност за слободни, фер и демократски избори. Не можеме да зборуваме за демократија кога целата држава е ставена во служба на владејачките партии, граѓаните се загрозени и уценувани, додека гласовите се купуваат и крадат, велат од Алијанса за Албанците.

Алијанса е прво за формирање на ново парламентарно мнозинство, а доколку не успее тоа да има избори.

Поврзани новости