Стојко Пауновски за поразот на СДСМ: Што си посеаја, тоа си ожнеаја

by fokus 17:42
17:42

Што си посеаја, тоа си ожнеаја.  Вака, во стилот на народната поговорка,  поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски го коментира поразот на СДСМ на локалните избори во изјава за „Фокус“.

Пауновски беше разрешен од функцијата затоа што се спротивстави и одби да прими 35 „рамковни“ административци во Пазарниот инспекторат поради несоодветно образование. Откако Пауновски одби да ги прими „рамковните“, премиерот, Зоран Заев му порача дека „пркос“ не е дозволен, дека мора да се почитува хиерархијата, по што Пауновски беше разрешен на владина седница.

- Advertisements -

Пауновски, за разлика до старо-новиот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски не го исклучија од партијата, односно од СДСМ, но по неговото разрешување, тој коментираше дека СДСМ станала приватна партија, а тој бил нејзин член од нејзиното основање од 1991 година.

Димитриевски пак беше исклучен од партијата по неговата независна кандидатура за градоначалник на Куманово. Пауновски вели дека му честитал на Димитриевски.- На Максим му честитав и за старо-новата градоначалничка функција, а посебно за се она што го издржа за овие избори, вели Пауновски за „Фокус“.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости