Алијанса за Албанците: Насилство и вандализам на координаторот на ДУИ

by fokus

Пратениците на Алијанса за Албаницте попладнево одржаа прес конференција по повод инциденотот со пратеникот од ДУИ, Арбр Адеми.

Тие порачаа дека денеска се потврдило на дело дека слабата точка на криминалната власт е судството.

-Целото ова срамно сценарио започна со обидот за продолжување на мандатот на судиите на власта. Адеми го навреди пратениот Снопче, кој побара процедурално. Не му беше дадено и во знак на револт ние пратениците од АА дојдовме да го одбраниме нашето право. И тогаш се случи насилството и вандализмот на координатор на ДУИ. Ова не е прв пат да прават вакви сценацијра во обидот да го сокријат криминалот. Сите мора да го осудиме овој вандалски чин и вандалите да се најдат пред лицето на правдата, рече координаторката на пратениците на Алијанса за Албаницте.

Поврзани новости