Алијанса за Албанците: Народот јасно порача дека сака реформи

by fokus

-Важно е да се спроведе волјата на мнозинството на електоратот, кои јасно посочија дека се заинтересирани за суштински реформи и нов пристап кон целосна рамноправност, социјален напредок и кон постигнување на стратешките цели, како што се интеграцијата во ЕУ и НАТО – порачаа денеска Алијанса за Албанците.

Во однос на програмата што вчера ја презентираша СДСМ, од партијата велат дека таа ќе биде доработена со цел да ги рефлектира интересите на сите.

-Во однос на 15-те приоритетни принципи утврдени од страна на СДСМ „Алијансата за Албанците“ смета дека албанските политички партии во владината проширена програма ќе бидат внимателни за да се опфатат сите точки кои се со посебен национален и граѓански интерес- стои во соопштението на „Алијанса за Албанците“.

Поврзани новости