420
Постојат повеќе причини зошто треба да се формира нова техничка влада која ќе ја води државата, соопшти првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села од Тетово.
„Сегашната Влада предводена од Димитар Ковачевски нема легитимитет. ДУИ нема легитимитет затоа што ветуваше прв премиер Албанец, но тоа не го исполни. Тука се и проблемите со уставните измени, процесот на водење на државата на преговорите со Европската Унија, нефункционалноста на државата поради корупцијата и многу други работи. Не е доволно само да се фокусираме на проблемите. Решението се состои во два збора, техничка влада“, истакна Села.