Шкупи поразен од Балкани во Скопје

by Fokus

Шкупи пред своите навивачи на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, не успеа да го победи косовскиот тим Балкани, загуби со 2-1 во првиот плејоф меч за пласман во групната фаза од Конференциската лига.

Натпреварот започна одлично за екипата од Чаир која поведе во 19. минута со голот на Адетунџи, но радоста траеше кратко откако Рахмани по само четири минути, го израмни резултатот.

Со тој резултат се замина на полувремето, а во вториот дел екипата на Гоце Седлоски не успеа да го издржи натпреварот и во 67. минута прими уште еден гол за целосен пресврт на Балкани од 2-1.

Шкупи за една седмица ќе брка негатива од еден гол најмалку за продолженија, а ќе му треба победа од два гола за пласман во групите.

Поврзани новости