Алијанса на Албанците: Веднаш без никакви услови да се ослободи борецот за слобода Томор Морина

by fokus

Алијансата на Албанците жестоко реагираше на апсењето на поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина и бара тој веднаш и без никакви услови да биде ослободен, иако беше успсен поради потерница од Интерпол.

-Веднаш без никакви услови да се ослободи борецот за слобода Томор Морина. Владата на РСМ заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Агим Нухиу, продолжуваат да работат според директивите на Белград. Алијансата за Албанците изразува длабока огорченост и се чувствува навредена поради фактот што полицијата на РСМ го уапсила борецот за слобода Томор Морина, државјанин на Република Косово. Алијансата за Албанците преку оваа реакција и порачува на владата на РСМ дека соживот и граѓанска благосостојба не може да се постигне со провокации, апсења и монтирани процеси. На овој начин постапуваа вашите претходници и доведоа до конфликт во 2001 година. Не фрлајте масло врз огнот, се вели во партиското сооптшение.

Поврзани новости