Британската амбсадорка го поздрави отворањето на дебата за борба против лажните вести

by fokus

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска на Твитер излезе со поддршка за отворањето на дебатата за борба против дезинформации и лажни вести.

Амбасадорката нагласува дека Велика Британија издвоила 9,5 милиони фунти за јакнење на независноста на медиумите во Западен Балкан.

-Го поздравуваме отворањето дебата за борба против дезинформации и лажни вести. Велика Британија издвои 9,5 милиони фунти за јакнење на независноста на медиумите во Западен Балкан, средства со кои се поддржува слободата на говорот и се овозможува зголемување на избалансирани и непристрасни содржини, вели Галовеј во својот твит.

Поврзани новости