350
Претседателството на Алијанса за Албанците денеска ќе одржи седница во Тетово посветена на политичките случувања во земјава.
На дневен ред ќе биде и одлуката на Централното собрание за формирање на тим што ќе ги води преговорите за влез во Владата.
Денешната седница доаѓа по заседанието на Централното собрание на Алијанса за Албанците одржано во саботата во Куманово, на кое беше донесена одлука Претседателството да формира тим кој ќе разговара за евентуално вклучување на партијата во Владата.