Од Алијансата на Албанците реагираат на денешната прес конференција вицепремиерот Артан Груби и велат дека тој всушност признал дека правдата досега била нарачувана по телефон.
-Тој вели дека не може да има правда за едниот и различно за другиот, различна за политичарите и различна за граѓаните и правда нарачана по телефон. Парадоксална изјава, бидејќи тој самиот признава дека правдата била селективна и дека досега таа била нарачувана по телефон. Никој повеќе не му верува на Артан Груб, па дури ни на владата. Во оваа прилика, ве потсетуваме на времето кога Артан Груби беше партнер на Груевски. По случајот во Кале Скопје, тој изјави дека СДСМ му понудил да создаде етнички проблеми, но тој одбил. СДСМ категорично ја демантираше оваа изјава. До денес не е познато кој изневерил, Артан или СДСМ. Истото денес по оваа конференција, не знаеме кој е во право? Артан со она што го изјави денес, или Заев со она што го рече на неговото експозе?“, прашуваат од Алијансата.