Али Баба и четириесетте внуци

После лавина реакции во јавноста на очигледно сомнителна зделка,младиот член на семејството Ахмети не матираше- побара институциите да ја испитале купопродажбата. Хахахахахахахахаха. Кои институции, истите оние дебело запоседнати од неговото потесно и пошироко семејство, како и неговите пријатели од село Зајас? И да е од Ахмети многу е! Но, убеден сум дека не го прави тој повик толку заради реакциите, колку да тура сол на рана. Со други зборови му се може и не дупи!

by Fokus

Пишува: Јанаки МИТРОВСКИ

На мои нецели дваесет и пет години положив правосуден испит. На едвај дваесет и шест се лиценцирав како адвокат. И некој што не знае ќе смета дека е тоа Бог знае какво достигнување. Не е, тоа е македонскиот просек кога некој положува правосуден испит или се лиценцира како адвокат, а нешто блиску е и просекот во САД кога на дваесет и пет шест години стануваат first year associate.

Кога имав дваесет и шест години и бев тазе лиценциран адвокат, иако потекнував од семејство кои во тој период од животот веќе немаа финансиски проблеми, немав банка в џеб. Освен за регуларни месечни трошоци, немав заштеда, не можев да си купам кола, за нешто поголемо не ни стануваше збор. Секако оваа судбина ја делат деведесет и осум проценти луѓе во Македонија на таа возраст.

Нормално, со години работа и етаблирање како ангажиран адвокат состојбата ми се смени. Не сум милионер,  возам просечно воизло, но на пример не сум оптоварен со кредити или уште полошо брзи кредити како половина Македонија. Со кредити или не дај боже брзи кредити, не се оптоварени нити внуците на Али Ахмети. И не само што не се оптоварени туку на свои дваесет и пет години влегуваат во бизнис зделки тешки неколку десетици милиони евра. Ашколсун!

Младиот член на кланот Ахмети инвестира фрапантни триесет и девет милиони евра во купувањето на Трговскиот центар Соравија. Но, колку и да е износот енормен, младиот Ахмети нема всушност да даде денар бидејки инвеститорот ќе му даде толкава вредност во дел од трговскиот, за да му биде партнер бидејќи на дваесет и пет години, пазете внимателно, го препознал неговиот претприемачки дух!

Шегата настрана, секому му е јасно дека се работи за софистицирана и суптилна корупција- ние тебе дел, Вие нас политичка заштита. За да го оправда неоправдливото, младиот Ахмети оддржа прес конференција на која збореше на англиски, и на која го исфали својот чичко. Па богами, на негово место и јас би го исфалил, што да не! Да не бил Ахмети Љубчо Георгиевски ќе ја поделел земјата, благослов било да се има и останати беседи.

После лавина реакции во јавноста на очигледно сомнителна зделка,младиот член на семејството Ахмети не матираше- побара институциите да ја испитале купопродажбата. Хахахахахахахахаха. Кои институции, истите оние дебело запоседнати од неговото потесно и пошироко семејство, како и неговите пријатели од село Зајас? И да е од Ахмети многу е! Но, убеден сум дека не го прави тој повик толку заради реакциите, колку да тура сол на рана. Со други зборови му се може и не дупи!

Еден Рамиз Мерко немаа храброст да бараат да си поднесе оставка, после триесет кривични предмети, на црна листа на САД и ноторно корумпиран лик, ќе го проверувале можеби политички најмоќното и супер богато семејство. Мижи Асан да ти баам!

Поврзани новости