ДУИ има изградено фронт за сите потешкотии кои што можат да дојдат од надвор, но и за евентуалното незадоволство одвнатре и се обидуваме истите да ги решиме со внатрепартиските акти. Но над се, зад нас е вољата на базата и тајниот глас. Тоа се нашите постулати. Нека не се лаже некој дека ДУИ е организација за една употреба. Ова денеска го истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети на изборното собрание, кое се одржа во Струга, каде што од вкупно 84 делегати беа присутни 67.
– Во ДУИ се почитува слободата на говорот, но нема простор за циркуски акробации во градењето на политикте, затоа што ние сме сериозна организација со стратегија за идните генерации на Албанците во Македонија. Не може да не се забележат сите активности на меѓународната заедница, кои што се одвиваат деновивие во Скопје. Нивната намера е да ни помогнат во надминување на кризата и нивното внимание произлага од значајноста што Македонија ја има во регјиот затоа што нашата стабилност и мирот во регионот се клучни за интеграцијата. Ние инвестираме за доброетнички односи и интеграција на земјава во НАТО и ЕУ и за тоа ја имаме поддршката на меѓународната заедница затоа што тоа е и вољата на граѓаните на РМ – истакна Ахемти.
Тој тврди дека имал многу пријатели од центрите на одлучување и сите велат дека во секоја криза се раѓа нова можност, но за тоа потребна е храброст.
– ДУИ не е циркус за да правиме акробации. ДУИ не гради политики од ден за ден, туку за следните генерации. Решениоето треба да произлезе од политичкиот дијалог со меѓународно посдредништво. Ние сме наследници на ОНА и се обидуваме да не ги разочараме граѓаните. Тоа го покажуваат и прислушкуваните разговори затоа што не сме таму заради нашите лични интереси туку да го реализираме аманетот на загинатите борци. Не велам дека немаме слабости, но заеднички треба да ги решаваме а не да се криеме во дупки. Слободата на изразување во ДУИ никогаш не била загрозена, но треба да се каже тука, во ова изборно Собрание – додаде Ахмети.