Ниту вие кираџии, ниту моите колеги не се кираџии. Една работа е вистина – Охридскиот мировен договор му ја даде тапијата да биде господин во неговата куќа, мировниот договор не го измени само карактерот на државата, не го измени само статусот на Албанците во државата, добивка имаа Ромите, Србите, Власите, сите победија. Овој договор нас не направи господари во нашата куќа. За овие 22 години работевме заедно. Јас и мојата партија се обидовме да имаме вистински партнерски однос и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ, рече меѓудругото Али Ахмети во своето обраќање на 141-та седница за избор на техничка Влада во Собранието.
Тој напомена „како што го гласав Талат Џафери, го гласав и Јован Митревски. Пред нас имаме големи проблеми, идната Влада треба да се ангажира за избори и за да бидат креативни во градењето на политиките во иднина“.
„Железната војна е завршена, но сега има една жестока војна, се зборува за употреба на нуклеарно оружје, ова не треба да се потценува. Москва го згази идентитетот на Украина, затоа треба да сме внимателни какви политики ќе водиме. Треба да се подигне гласот, рековте дека бега младината, земјите членки на ЕУ целата младина ја вратија назад. Ако сме патриоти треба нашата земја да ја зачлениме во ЕУ ако сакаме нашата младина да остане во државата каде што живее“ рече Ахмети.
Тој порача „ние да не држиме тука политички говори, да не се правиме ниту обвинители ниту истражители, ова е Собрание каде се носат големи одлуки за иднината“.