Александар Ружин згрозен од коментарите на социјалните мрежи: Ни посакаа смрт заради љубов?!

by fokus

Поради љубов, ни посакаа смрт, а ние прашуваме што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи?

Младиот бизнисмен, сопственик на приватна фирма, магистер по политички науки и член на Централен одбор на ЛДП, Александар Ружин, се огласи по повод лавината од коментари која што деновиве ја предизвика неговото приватно видео кое што го прикачил на интернет каналот ,,Јутјуб,, а на кое што тој и неговата девојка Елена раскажуваат за својата љубов, за тоа како се запознале и сфатиле дека се родени еден за друг.

Вели дека е изненаден од реакциите кои што ги предизвикал клипот кој што ја покажува нивната љубов, нешто кое што е сосема нормално за двајца млади, и не може да се изначуди како во време кога во светот се случуваат терористички напади, отцепувања од Европската Унија, а кај нас е во ек најголемата револуција од осамостојувањето на Македонија, неговото видео успеало да ги засени сите овие настани и да добие дури и поголем публицитет од работи кои што се од клучна важност во општеството.

,,Изненаден сум од фактот што во моментот на трагичните терористички настани во Турција и во услови на најголема политичка криза во Македонија, едно мое приватно видео стана топ-тема на сите хејтери. Тоа само зборува за огромниот пад на моралните вредности во нашето општество во последните 10 години. За жал куририте на ДПМНЕ се натпреваруваа во своето непристојно лигавење и говор на омраза, за што во секоја нормална држава следуваат законски мерки и санкции.

Фрапантно е колку злоба и промискуитет има во одредени коментари, со обид и желба за дискредитација. Дури до таа мера што ни посакаа смрт. А зошто?,, – прашува Ружин, додавајќи дека додека ги читал злобните коментари и навреди на социјалните мрежи, низ глава му минувале стиховите на неговиот голем пријател Тоше Просеки ,,Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи.

,,По семинарот на либерал демократите од цела Европа во Загреб на кој ја претставував ЛДП од Македонија, заминав на службен пат во Белгија и Холандија за да се видам со моите деловни партнери со кои соработувам повеќе од 10 години. Поради секојдневните обврски сакавме со Елена на ова патување да бидеме заедно и ја дочекаме годишницата во Париз. Таму се направени снимките, поради кои што ние двајцата станавме еден вид на жртви, изложени на јавен линч од куририте на ДПМНЕ,, – вели Александар.

Тој и Елена Шалевска се во врска една година. Таа е апсолвент на Правниот Факултет во Скопје. Велат дека од луѓето кои што реагираат со ваква злоба на најобични изјави на љубов, човек може само да го полазат морници и изненадени се од гневот кој што одредени личности го носеле во себе.

ruzin1

Видеото кое што до вчера можеше да се види на интернет каналот ,,Јутјуб,, сега е отстрането. Александар вели дека го тргнал видеото поради навреди, закани и притисоци.

Вики Клинчарова

Поврзани новости