Александар Ружин, член на Централен одбор на ЛДП и магистер по политички науки денес, по повод верскиот празник Свети Никола, во свој стил му упати честитка за именденот на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски.
Вели дека не е упатен дали Груевски слави именден со посна трпеза и гости, но сепак сакал лично да му честита и да му порача на овој ден да покаже дека во себе има човечност.
„Сети се Никола на овој божји ден на сите жртви на Светиот Груевизам. Сети се на сите неправди, апсења на неистомисленици, уништени животи и судбини, криминали, несреќи, заминати млади луѓе низ белиот свет, пропаднати бизнисмени и фирми. Можеби си се споредувал со Св. Никола кој се што допрел претворал во злато. За жал наш Никола се што ти пипна, се претвори во стиропор. Имаш последна шанса да се повлечеш мирно и сепак докажеш дека во тебе постои минимум човечност!’’ – порача Ружин.
Тој додава дека нема потреба дополнително да го потенцира постењето на овој празник, бидејќи кај нас со години наназад голем број на граѓани постат секојдневно, но не поради верски обичаи, туку поради низок стандард.
Вики КЛИНЧАРОВА