Александар Диневски, еден од обвинетите во случајот „Шпион“ денеска со полициска придружба бил спроведен во затворот „Идризво“, каде што треба да одлежи четири ипол годишна затворска казна.
Диневски неколку месеци беше на слобода, бидејќи излезе од затвор додека се чекаше одлуката на Апелација за овој случај. Откако Апелација делумно ја потврди првостепената пресуда, односно за неколку месеци беа намалени дел од казните на обвинетите се очекуваше дека ќе бидат вратени во затвор за да ја издржат казната што им преостана.
Откако веста се прошири во јавноста дека Диневски е однесен во затвор, на социјалните мрежи граѓаните апелираат тој да биде ослободен бидејќи алармираат дека неговата нарушена здравствена состојба уште повеќе ќе се влоши поради лошите услови во затворот.