Александар Џамбазов и Оливера Николова го подготвуваат првиот детски мјузикл „Земја во која не се стигнува“

by fokus

Театарот за деца и младинци почнува подготовки за првиот македонски мјузикл за деца „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова, музика за деца компонирана од  Александар Џамбазов и во режија на Виолета Џолева.

Музички продуцент е Александар Митевски, кореограф е Кренаре Невзати, драматург на мјузиклот Маја Стефановиќ, а Дамир Имери е музички аранжер.

Во мјузиклот ќе учествуваат деца на возраст помеѓу 9 и 13 години, кои умеат  да пеат и имаат актерски талент. За таа цел ќе се организира аудиција на 21-ви, 22-ти и 23 септември во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“

Поврзани новости