Хашим Тачи денеска доаѓа во Македонија, ќе се сретне со Зоран Заев

by fokus

Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска ќе престојува во работна посета на Македонија и ќе има средба со премиерот Зоран Заев.

Владината прес-служба информираше дека Заев и Тачи ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на двете земји.

По завршувањето на средбата ќе следуваат изјави за медиумите на косовскиот претседател и македонскиот премиер.

Поврзани новости