Албанците му удрија клоца на Панучи

by Fokus

Некогашниот италијански репрезентативец и член на Рома, Кристијан Панучи веќе не е селектор на репрезентацијата на Албанија.

Од Албанската фудбалска федерација одлучија да се разделат со поранешниот играч на Милан, Реал Мадрид и Рома, по вчерашниот пораз од Турција во европските квалификации.

„Орлите“ изгубија со 0:2 во Скадар, со што заврши авантурата на Панучи. Тимот ќе биде воден во следниот период од тандемот Ервин Булку и Сулејман Мема.

Фото – Тирана Тајмс

Поврзани новости