Седум нови случаи на морбили

by Fokus

Тринаесет пациенти со морбили се прегледани во текот на вчерашниот ден од кои седум се задржани за болничко лекување. Од вкупно 34 пациенти хоспитализирани на Клиниката (16 деца и 18 возрасни), две деца и двајца возрасни се со потешка клиничка слика, информираат денеска од Универзитетската клиника за инфективни болести.

Од седуммината новозаболени, две се деца на возраст од шест месеци од Куманово и едно дете е на возраст од една година од Сарај, кои не биле вакцинирани, а четворица се возрасни од Сарај (невакциниран), Карпош, Студеничани и од скопското село Паничари, за кои нема податоци за примени вакцини.

Од Клиниката посочуваат дека амбулантски се прегледани уште шест пациенти меѓу кои едно четиримесечно бебе од Тетово, кое не било вакцинирано, едно тригодишно дете од Сарај и едногодишно дете од Зелениково, двете вакцинирани, како и двајца возрасни од Скопје кои биле вакцинирани и еден возрасен од Гостивар, кој не бил вакциниран.

Поврзани новости