Споменикот на албанскиот писател Пјетр Богдани, кој вчера после полноќ беше поставен во паркот Жена Борец е направен со грешка.
На постаментот стојат годините 1630-1686, датумите кои можат да се најдат на англиското издание на интернет енциклопедијата Википедиа.
На албанското издание на Википедија,пак стојат годините 1625-1689, а тие датуми се среќаваат и во сите текстови на албански јазик напишани за овој албански писател од 17 век.
Овие датуми стојат и на банкнотата од 1.000 албански лека која е со неговиот лик.
Автор на споменикот на Пејтр Богдани е младата скулпторка од Прешево, Србија, Линдита Бекири, млада уметница која имала 27 години кога победила на огласот на општина Центар во 2011-та.
За поставувањето на споменикот пак, одговорност презеде Општина Чаир иако е под ингеренции на општина Центар.