Дел од Скопје денеска без вода

by irena 07:33
07:33

Дел од корисниците на улицата „Џон Кенеди“ ќе останат без вода поради изведување на водоводен приклучок на улицата „Ферид Заири“ бр. 12.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, ќе се врши приклучување на цевка Ф250 на Ф125 милиметри, поради што водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување на работните активности.

Во населбата Топанско Поле, пак, ќе има намален притисок на водата.

Слични вести