827
Албанскиот јазик ќе биде службен јазик во скопската општина Гази Баба откако пописот на населението покажа дека во оваа општина има над 20% Албанци. Ова според закон наложува албанскиот јазик да биде службен во оваа општина.
Градоначалникот Бобан Стефковски, кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека се работи на тоа.
Советникот во општината, од редовите на ДУИ, Сафет Адеми, пак додава дека се уште не е одреден временски рок за спроведување на законот, но според него, се очекува набрзо албанскиот јазик да се спроведе во сите активности на општината.
Инаку пописот на населението од 2021 покажа дека во гази Баба живеат над 20,46% Албанци, за разлика од 2002 кога во оваа општина имаше 17,2% Албанци.