Албански хакери ги урнаа сајтовите на Кривичен и Врховен суд: Чекајте нѐ… Ние сме „Anonymous Albania”

by fokus 22:56
22:56

„Веб-страниците на Основниот Суд и на Врховниот Суд на Македонија се….(DOWN) Оваа е знак на протест од нас до вас. Ослободете ги јунаците од Куманово. Чекајте нѐ… Ние сме „Anonymous Albania” … За одбрана на албанскиот народ… За голема Албанија“, ова е пораката што албански хакери ја оставија на социјалните мрежи откако ги урнаа сајтовите на Кривичниот и Врховниот суд.

Последните денови хакерите изведоа напади на  грчките и српските веб-сајтови, како  владини, така и на медиумски портали, сега на нејзината листата ја додадоа и македонската држава, пишува порталот infoshqip.com.

- Advertisements -

Албанските хакери, планираат големи сајбер напади, на историските датуми за Албанија, 28/29 ноември (Денот на независноста на Албанија), врз сајтовите на трите споменати држави, пишува порталот.

Поврзани новости