Вчера попладнето бил уапсен албански државјанин на ГП „Табановце“, затоа што прикажал лажен пасош, при што бил приведен.
„На 24.06.2021 во 17.35 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола на C.M.(32) од Р.Албанија било утврдено дека фотографијата во патната исправа којa ja приложил не се совпаѓа, односно дека станува збор за друго лице. По извршен преглед кај него била пронајдена и албанска лична карта на име C.M., но не бил пронајден документ со кој би се утврдил вистинскиот идентитет на лицето. По извршениот разговор тој за себе дал податоци дека е Г.М.(28) од Р.Албанија и влез во државата остварил на Граничниот премин Долно Блаце на 24.06.2021 во 15.30 часот со албанска патна исправа. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, велат од МВР.