Албанската полиција упадна во Иранската амбасада откако биле запалени документи

by Fokus

Албанската противтерористичка полиција изврши претрес во празниот објект на иранската амбасада во Тирана неколку часа откако иранските дипломати внатре запалиле документи по прекинувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји.

Албанија вчера им нареди на иранските дипломати и на вработените во амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа како одговор на иранските сајбернапади од јули.

Длабинската истрага ни обезбеди неоспорни докази дека сајбернападот врз нашата земја бил организиран и спонзориран од Иран. Овој сајбернапад се закани да ги парализира јавните услуги, избрише дигиталните системи, хакира државните документи и да предизвика хаос и несигурност во земјата“, изјави премиерот Еди Рама.

Опремена со автоматски пушки, полицијата влезе во зградата, сместена само 200 метри од резиденцијата на Рама, набргу откако две возила со дипломатски таблички го напуштиле местото. Утрово, вработени во амбасадата биле забележани како палат документи во буре.

Двете земји имаат тензични односи од 2014 кога Албанија прими 3.000 членови на протераната опозициска група Народна муџахединска организација на Иран.

Поврзани новости