48
Албанската полиција откри тунел во населбата „Скендербег“ во Скадар каде криминална група складирала канабис.
На прес-конференцијата беше соопштено дека се запленети 65,5 килограми марихуана во форма на чоколадо и 35 килограми канабис во шишиња, објавија албанските медиуми.
Полицијата распишала потрага по две лица, 42-годишниот Н.М и 37-годишниот Б.М.
„Постои сомневање дека се дел од група која се занимавала со производство и продажба на канабис. Ние сме во прва фаза од истрагата“ – изјави на прес-конференција директорот на полицијата во Скадар.