Албанските медиуми денеска објавија дека 45-годишниот Билал Кара, се бара со потерница од полицијата во Тирана, поради сомнежи за злоупотреби направени преку приватната клиника „Интернешнл Медикер“, поранешна „Санте Плус“, лоцирана во Албанија.
Кара, кој е еден од сопствениците на Клиниката, во 2023 година беше именуван за почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Турција, со седиште во Измир.
-Клиниката беше блокирана откако наводно не пријавила профит во вредност од 1 милион евра. Исто така, за време на проверките, полицијата откри дека оваа клиника давала лекови кои биле со истечен рок или шверцувани производи. Исто така, кај пет вработени беше утврдено дека се неосигурани, објавија албанските медиуми.
Групацијата ,,Санте плус” има своја болница и во Македонија.