Албанија со остра реакција: Серија убиства на Албанци во Грција, властите да ја спречат Златна зора

by fokus 20:43
20:43

По убиството на Марио Исаку (18) во грчкиот град Кавала, остро реагираше албанското Министерство за надворешни работи, искажувајќи голема загриженост за, како што вели, серијата убиства на Албанци во Грција.

– Остро ја осудуваме позадината на екстремизмот и говорот на омраза што ги придружува овие настани во соседната земја и ги повикуваме грчките власти да ги осудат и да спречат какви било обиди на Златна зора или на други екстремистички сегменти да се закануваат на безбедноста и достоинството на Албанците, кои работат и придонесуваат во соседната земја, стои во во реакцијата.

- Advertisements -

Министертвото искажува загриженост „за серијата убиства на Албанци“ и во исто време се сочувствува со нивните семејства.

– Во услови кога нашите сонародници го чувствуваат притисокот на невидена кампања на омраза и насилство, ја изразуваме заложбата на албанската држава да им обезбеди на жртвите и на нивните семејства потребна правна и финансиска поддршка за заштита на нивните основни права како членови на најголемата емигрантска заедница, која живее и со децении придонесува во Грција, се наведува во реакцијата.

Безживотното тело на младиот Исаку, роден во Кавала во 2000 година, а по потекло од Албанија, е пронајдено синоќа. Ова, според министертвото е четврто убиство на албански граѓанин во последните две недели.

Поврзани новости