477
Државјанин на Албанија е приведен, поради сторено кривично дело „фалсификување исправа“, пренесуваат од МВР.
„На граничниот премин Аеродром Скопје, вчера во 13:00 часот на излез од РМ, приведен е С.Р.(43) од Дибар, Р.Албанија поради основано сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“. При извршениот преглед, кај него била пронајдена британска возачка дозвола, банкарска картичка на име T.P. и албанската патна исправа. Лицето е приведено за понатамошна постапка“, додаваат од МВР.