433
На Граничниот премин Ќафасан, при влез во Македонија, завчера бил лишен од слобода Д.Л.(41) од Албанија, затоа што за него имало распишана меѓународна потерница од Интерпол-Виена, со цел екстрадиција во Австрија за сторено кривично дело – “вооружен грабеж“.
Од полицијата соопштија дека приведениот веднаш бил изнесен пред Основното јавно обвинителство Струга и бил предаден на Основниот Суд Струга, каде вчера му била одредена мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена.
Потоа, тој е предаден во Казнено поправната установа “Затвор Охрид“.