Охриѓанец е приведен за вчерашното убиство на жена во Велгошти

by Фокус 11:57
11:57

Полицијата привела едно лице од Охрид за убиството што се случи вчера попладне врз Б.П. (47) во нејзината куќа во охридското село Велгошти.

Како што информираа од МВР, на местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид, како и полициски екипи од СВР Охрид.

- Advertisements -

По преземени мерки, синоќа во 21 часот посоченото лице e приведено во Струга, по што ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот.

Поврзани новости