492
Вчера попладне жител граѓанин на Албанија бил уапсен на ГП Долно Блаце, откако било констатирано дека се наоѓа на стоп листата со мерка „Апси“ по барање на Интерпол.
„На 25.08.2019 во 15.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце од слобода бил лишен К.Ф.(42) од Република Албанија затоа што при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа на стоп листата со мерка „Апси“ по барање на Интерпол. К.Ф. бил предаден во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка“, велат од МВР.