Аларм во Романија: Западно нилската треска однесе три животи, регистрирани се 58 заразени

by irena 17:10
17:10

Од почетокот на јуни, во Романија се пријавени 58 случаи на инфекција со вирусот на Западен Нил и се евидентирани три смртни случаи, соопшти денеска Романскиот национален институт за јавно здравје.

Според извештаите, од тие случаи, 47 се потврдени, а 11 се веројатни, пренесе агенцијата „Аџерпрес“.

Овие случаи се регистрирани во периодот од 3 јуни до 2 септември. Во истиот период починале три лица, а станува збор за постари лица со придружни заболувања.

Најголем број заразени, 25, се регистрирани во главниот град Букурешт.

За да се спречи инфекцијата, Институтот препорача избегнување изложеност на комарци преку носење облека со долги ракави и долги панталони, користење хемиски средства за заштита од комарци, спречување на влегувањето на инсектите во домот со поставување заштитни мрежи на прозорците, како и исцедување на баричките во близина на домаќинствата и отстранување на садовите со застоена вода и на отпадот од домаќинството.

Слични вести