394
Роберт Алаѓозоски, министерот за култура, смета дека вчерашниот чин на актерите во МНТ кои не ја одиграа претставата „Ничија земја“, во знак на солидарност со актерот Владо Јовановски, е само уште еден доказ дека Македонија не е ослободена од долгогодишната партизација во културата.
-Сметам дека секоја слична намера во иднина нема да биде добра ниту по развојот на културата ниту, пак, во однос на демократизацијата на културните институции. Со кого и со што точно се солидаризираа актерите вчера?“, праша Алаѓозоски на прес-конференција во МНТ.