Дац: Актерите можеа да се солидаризираат со Јовановски надвор од МНТ

by fokus

ВД директорот на МНТ, Драган Спасов Дац денешната прес-конференција изјави дека актерите, кои вчера не ја одиграа претставата „Ничија земја“ во знак на солидарност со актерот Владо Јовановски кој е во притвор, ќе бидат санкционирани согласно со правилникот за работа.

-И покрај консултациите со мене и нивната намера да ја откажат претставата за што инсистирав дека не смее да се случи, ансамблот не ме послуша и ја откажа претставата што е недозволиво бидејќи претставите се играат за публиката, рече Спасов.

Тој додаде дека нивниот револт или солидарност можеле да го изразат после претставата или денеска, но според него тоа не смеело да се случи на нивното работно место.

Од МНТ информираа дека на оние кои купиле карти за вчерашната претстава парите ќе им бидат вратени, или, пак, ќе може да ги заменат за друга претстава.

Поврзани новости