Алаѓозовски: Музејот на ВМРО троши 6,5 милиони денари само за струја

by Fokus

Новиот министер за култура Роберт Алаѓозовски во вечерашната дебата во емисијата „Отворено 24“ истакна дека ќе направат ревизија на проектот Скопје 2014, кој веќе неколку години е мета на негативни реакции од јавноста.

– Во буџетот нема пари за било каква интервенција за Скопје 2014. Ние ќе ги преиспитаме и повторно ќе ги ставиме на увид на јавноста штетите од тој проект. Ќе им покажеме на граѓаните дека тоа е стиропор и фушерај, а не е мермер. Можам да кажам дека само Музејот на ВМРО троши 6 ипол милиони денари за струја – истакна Алаѓозовски.

 

Поврзани новости