610
Владата го именувала досегашниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, на функцијата национален координатор за развој на културата. Одлуката е веќе донесена и се чека да биде објавена во службен весник за Алаѓозовски да ја преземе новата функција.
Од Владата за „Фокус“ велат дека функцијата е предвидена со закон.
Алаѓозовски денеска му го отстапи министерското место во Култура на новоизбраниот министер, Асаф Адеми.