Трошокот од околу 430.000 денари во бифето на Министерството за култура се трошоци за гости кои се фактурирани на мое име, појаснува министерот за култура Роберт Алaѓозоски, откако Алатката за отчетност на функционерите откри дека тој потрошил над 9.000 евра за угостителски услуги во земјава и во странство, како и во мензи и бифеа во рамки на институтициите.
„Непрецизно е пренесена сметката од бифето на Министерството од околу 430.000 денари. Тоа се трошоци од вода и кафе, за сите што не се вработени, а дошле како гости, како членови на комисии, тела, работни групи, амбасадори, синдикати, граѓани, уметници. Тие се формално фактурирани на име на министерот“, напиша тој на неговиот фејсбук профил.
Неговото име се појави и меѓу водечките владини функционери според потрошените пари за авионски билети.