818
Актуелниот градоначалник на општина Кочани, Николчо Илиев е кандидатот на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ за градоначалник за претстојните локални избори, соопшти СДСМ и со тоа ја комплетираше понудата од 69 кандидати за градоначалници.
-Со бројните реализирани проекти, со големата поддршка од граѓаните и членството, Илиев е најдобрата понуда за Кочани и за следните четири години. Кочани мора да продолжи да се развива и напредува, а тоа е возможно само со Илиев и СДСМ на чело на општината. Граѓаните знаат и чувствуваат дека работите се менуваат на подобро, затоа ја даваат поддршката на СДСМ, затоа коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ е фаворит на претстојните избори, соопшти партијата.