Актуелни директори, сопружници, внуки на изборните листи на партијата на Арсовска

Покрај тоа. што таа ќе ја предводи првата изборна единица,  веднаш после неа на второто место е Александар Кузинаков, актуелен директор на ЈП „Дрисла“, додека пак третото место му припаѓа на актуелниот директор на „Водовод и канализација, Виктор Панчевски. Откако Арсовска стана градоначалничка смени по неколку директори на претпријатијата, а Панчевски е трет директор по ред на ова јавно претпријатие.

by Fokus

За разлика од другите партии, Нова Алтернатива сега предводена од актуелната скопска градоначалничка Данела Арсовска на параламентоарните избори, кои ќе се одржат на 8 мај ќе истрча со свои кандидати во само четири изборни единици.

Тоа што е специфично е што повеќето од кандидатите на листите, со која ќе настапува на изборите се последните актуелни директори на скопските јавни претпријатија.

Покрај тоа. што таа ќе ја предводи првата изборна единица,  веднаш после неа на второто место е Александар Кузинаков, актуелен директор на ЈП „Дрисла“, додека пак третото место му припаѓа на актуелниот директор на „Водовод и канализација, Виктор Панчевски. Откако Арсовска стана градоначалничка смени по неколку директори на претпријатијата, а Панчевски е трет директор по ред на ова јавно претпријатие.

Од тоа што може да се забележи во изборните листи на Арсовска е дека сопруги и сопрузи,  внуки се ставени на првите неколку места. Па, така на четвртото место во првата изборна единица може да се најде и името на Даниела Ќолеќеска, која според нашите извори е внука од сестра на десната рака на Арсовска, Драги Митковски.

Тој пак е носител на втората изборна единица  и еден од главните луѓе од доверба на актуелната градоначалничка на Скопје. „Фокус“ во неколку наврати пишуваше за него, како и за тоа дека иако тој нема официјална функција во Град Скопје, сепак е задолжен за повеќето од случувањата и работните обврски на Арсовска.

Кој е Драган Митковски, соработникот во сенка на Арсовска?

Бизнисите на синовите на „книговодителот“, Митковски, најблискиот соработник во сенка на Арсовска

Какви бизниси и гревови „кријат“ најблиските соработници на Данела Арсовска?

Исто така, во изборната единица 2 може да се најдат имињата и на двајцата сопружници Гоце Трајковски, кој е на второто место веднаш после книговодителот Митковски, а на шестото место е неговата сопруга Марија Трајковска.

„Фокус“ лани објави цел серијал на текстови за таткото на Арсовска, Ванчо Јовановски од тоа колкав имот и фирми поседува, за што направивме и фотографии од целиот тој луксуз.

(АРХИВА) „Фокус“ направи фотографии од луксузните згради, старски домови, хотели на таткото на Арсовска

Ирена МУЛАЧКА

 

Поврзани новости