На 09/10.08.2025 во периодот од 23:30 до 02:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе Скопје, спроведоа акциска контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на Ј.Ф.(48) од с.Желино и во угостителски објект во Тетово, во кој како управител се пријавил И.А.(22) од Тетово, соопштуваат од МВР.
,,При контрола во објектите биле затекнати 30 женски лица од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија затоа што било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против странските државјанки, сопственикот и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.