Акционерите од Топлификација со допис до обвиниелството за организиран криминал бараат тие итно да ја процесираат кривичната пријава која пред една недела беше поднесена против ТЕ ТО од страна на финансиската полиција. Финансиските органи на прогонот кривичната ја поднесоа против претедателот на Управниот одбор на ТЕ ТО, нотар и стечаен судија, а се сомничат за предизвикување лажен стечај. Акционерите од Топлификација обвинуваат дека лажниот стечај и реорганизацијата на ТЕ ТО имале цел да ги заобиколат долговите кои ова акционерско друштво ги имало кон Топлификација.
-Здружението за заштита на правата на акционерите во Топлификација АД со внимание ги следи сите настани како и оваа прес конференција на Директорот на Управата за финансиска полиција, а како наводите во пријавата се во целост основани што се гледа од несоборливите докази и постои голема опасност да нема можност да се надомести штетата на Топлификација АД, а со тоа да се оптерети државата. Бараме од надлежното обвинителство најитнo да се произнесе по наводите истакнати во кривичната пријава против ТЕ ТО АД и други и да ги преземе потребните активности во рамките на нивната надлежност“ – соопштуваат од Здружението.