Акционерите на Топлификација ќе ја тужат државата !

by Fokus

Акционерите во Топлификација кои тврдат дека се оштетени не само директно со 30 милиони евра туку индиректно и преку 50 милиони евра ќе ја тужат државата по одлуката на владата на приватната компанија ТЕ-ТО Скопје да им даде државна помош, порачуваат од Здружението на акционери за заштита на правата на акционерите на Топлификација АД Скопје.

Според нив по објавувањето на одлуката од 22 Октомври 2019 год од 160 тата седница каде владата на приватната компанија ТЕ-ТО Скопје – друштво за производство на електрична и топлинска енергија да им даде државна помош владата излегла со соопштение дека „Не се работело за парична помош туку за одложување на плаќање”.

-Ова е трагикомично вреѓање на интелегенцијата на народот затоа што компанијата и должи на државата и тоа по основ на данок на добивка преку 20 милиони евра и парите требало да бидат платени уште пред повеќе од 6 месеци. Како тоа тогаш ова не е парична помош? Дотолку повеќе што се работи за компанија за која се водат кривични постапки од УФП – Управата за финансика полиција и тоа за самата компанија како правно лице односно ТЕ-ТО Скопје, како и за нејзиниот директор Вадим Михајлов кој моменталоно е во бегство односно после пријавата веќе не е во државава како и за стечајната судијка Сашка Траковска која го овозможила овој криминал и нотарката Снежана Сарџовка без која оваа криминална малверзација не би можела да се изведе. Обвинителствата пак намерно избегнуваат да подигнат обвинение,  а ние знаеме дека обвинителите прават криминал со тоа што намерно 4 пати го шетаат предметот ОЈО – ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. Со оваа одлука владата си направи потег самата против себе, велат од Здружението на акционери за заштита на правата на акционерите на Топлификација АД Скопје.

Поврзани новости