Париз ќе бара помош од Русија за обнова на Нотр Дам

by Fokus

На Франција можеби ќе и биде потребна стручна помош од Русија во обновата на катедралата Нотр Дам, која изгоре во април, изјави француската амбасадорка во Москва, Силви Берман.

– Пред се, сакам да и се заблагодарам на Русија што изрази загриженост за овој трагичен пожар. Формиравме агенција во Париз која работи на реставрацијата на катедралата Нотр Дам и таа ќе контактира со Москва. Тие ќе утврдат каква стручна помош ни е потребна. Подготвени сме да повикаме експерти во Париз, рече Берман.

Познатата катедрала од средниот век Нотр Дам беше значително оштетена во голем пожар на 15 април.

Уништена е централната кула и голем дел од кровот, додека остатокот од објектот, главните уметнички дела и реликвиите беа сочувани.

Причините за катастрофата сè уште не се познати.

Поврзани новости