577
Министерството за внатрешни работи утрово извршиле претреси на повеќе локации во државата, при што има уапсени повеќе лица, дознава “Фокус”.
Неофицијално меѓу уапсените се и членови и високи функционери на ДУИ.
Како што дознаваме, меѓу приведените има и даночни инспектори и бизнисмени.
Според првичните информации, меѓу приведените е Исмет Гури, член на ДУИ, кој неодамна беше осуден на казна затвор од три и пол години за изборни нерегуларности, како и неговиот син.
Според нашите информации, приведени се инспектори на Управата за јавни приходи каде Гури беше заменик-директор.
Апсењата се поради сомнение за перење пари и затајување данок.