Поради сомнеж дека организираат и учествуваат во диви трки, полицијата вчера при контрола задржала 10 моторцикли поради сомнеж дека вградиле делови кои не се стандардни. Моторите денеска ќе бидат пратени на вонреден технички преглед.
Како што соопшти МВР, вчера од 19 до 24 часот од страна на Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделението за сообраќајно-ескордно обезбедување, при спроведената акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје привремно се задржани десет моторцикли. Моторите се задржани поради сомнение дека сопствениците вградиле одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по чл.53 од Законот за возила.
Од МВР информираат дека по однос на останати прекршоци, превземени се вкупно 46 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.