Акција на МВР и кочанското обвинителство: Приведен e поранешен раководител на УЈП

by valentina 10:46
10:46

Во Штип се спроведува полициска акција во рамки на истрага поврзана со Управата за јавни приходи, при што е приведен поранешен раководител на подружница на УЈП, дознава ,,Фокус”.

Од МВР повеќе детали најавуваат за подоцна.

-Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена, ни одговорија од МВР.

Слични вести